Утрински Весник
Македонија

133 ресторани за свадби ги исполниле условите за грантови

133 ресторани за свадби ги исполниле условите за грантови

Владата на денешната седница го разгледа и го усвои Извештајот за реализација на Програма за поддршка на угостителскиот сектор, во рамките на економските пакети за поддршка за справување со последиците од КОВИД кризата која се реализираше во периодот ноември и декември 2020 година со буџет од 60.000.000,00 денари.

Според информацијата заклучно со 04.12.2020 година, до Министерството за економија преку платформата www.domasiedoma.gov.mk пристигнале вкупно 238 апликации за грантови за ресторани за свадби, од кои 133 ги исполниле условите од јавниот повик и биле искористени средства во износ од 55.740.000,00 денари.

Со оваа програма беа опфатени и игротеките со вкупен буџет од 153.000.000,00 денари. На јавниот повик за поддршка на игротеките пристигнаа вкупно 119 од кои 81 ги исполнија условите и беа искористени средства во износ од 13.710.000,00 денари.

 

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа