Утрински Весник
Македонија

127 санкционирани возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина девет санкции, 18 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 16 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се пет мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за возач почетник, пет мерки за нерегистрирани возила…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Пуштена во употреба реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Пронајдени и одземени ножеви и боксирач од малолетници во Тетово