Утрински Весник
Балкан

12-годишно девојче во Хрватска исчезна, полицијата започна потрага

Er.jpg

Во градот Годињак кај Нова Градишка вчера исчезна 12-годишното девојче Амела Јелениќ, соопшти денеска хрватското Министерство за внатрешни работи, повикувајќи ги сите граѓани доколку имаат некаква информација за ова дете, да се обратат до најблиската полициска станица.

Таа е родена на 7 октомври 2011 година во Нашице, а нејзиниот престој е во Годињак. Висока е 155 см, има кафени очи, а бројот на стапалото и е 36. Во моментот на исчезнувањето носела бел фустан со сини риги и бели патики.

Таа вчера во Годињак се упатила во непознат правец и оттогаш и се губи секаква трага, соопшти полицијата, заедно со фотографија од девојчето.

„Доколку имате информации за ова лице, ве молиме известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-маил адресата: nestali@nestali.hr“, соопшти хрватската полиција.

Можете да прочитате

Пула: На Украинецот уапсен за нападот врз Северен поток му е одреден притвор

Турските наставници од новата учебна година задолжително ќе носат бели мантили

Расте интересот за електрични возила во Албанија, 6396 регистрани за седум месеци