Утрински Весник
Македонија

12 обвинети за лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

12 обвинети за лажни ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Против 12 лица се поднесени обвиненија за кривично дело- фалсификување исправа, казниво по Кривичниот законик, информираат од скопското јавно обвинителство.

Обвинетите, во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.

Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Уапсен кумановец – при претрес пронајдени повеќе видови дрога

Уште денес и утре, понеделник 16-ти март, ќе имаме пролетно време

Велосипедска тура во сеќавање на жртвите во „Пулс“