Утрински Весник
Свет
Img 7972

12-годишно момче настрада при огномет во Холандија а уште едно е во критична состојба

12-годишно момче настрада при огномет во Холандија а уште едно е во критична состојба
300x250 opst2

Дванаесетгодишно момче загина, а уште едно дете е тешко повредено при огномет на истокот на Холандија, соопшти полицијата, додавајќи дека несреќата се случила и покрај забраната за употреба на пиротехнички средства.

Несреќата се случила бидејќи децата гледале како возрасен со домашна направа испалува петарда за огномет.

Полицијата на Твитер соопшти дека 12-годишно момче починало, додека уште едно е тешко повредено и пренесено во болница.

Полицијата додаде дека уапсила и едно лице.

Холанѓаните на новогодишната ноќ обично организираат огномет на улиците или градините, што е популарна практика, но често завршува со повреди.

Холандската влада во ноември објави дека втора година по ред ќе го забрани традиционалниот огномет за дочекот на Новата година, за болниците да не бидат дополнително оптоварени поради можни повреди од употреба на пиротехнички средства.

Забраната се однесува на граѓаните, додека различни заедници како општините ќе можат да организираат огномет, но само со помош на експерти за пиротехника.

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас