Утрински Весник
Македонија

115 санкционирани возачи во Скопје

Sankcionirani Vozachi 3 1.webp.webp

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Даниловски за БСЖ-вакцината: Родителите да не паничат, одложувањето е мерка на претпазливост

Потребна ли е партиска книшка за место во студентски дом? Одговараат Конески од УМС и Кузмановска од СДММ

Конески: Да ги вклучиме младите во локалната власт и да им дадеме причина да останат во Македонија