Утрински Весник
Македонија

113 санкции за брзо возење

Brzo voze e 1.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (21.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи.

 Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Ковачевски: 2.800 луѓе годишно умираат од загаден воздух – расте и бројот на заболени од канцер

Од вторник облачно со врнежи од дожд

Струја од пловечки фотоволтаици за акумулацијата Паљурци и хидросистемот „Ѓавато“ на Дојранско Езеро