Утрински Весник
Скопје

110.000 прекршоци регистрирал „Сејф сити“ за 24 часа

Safe City Kameri Bezbeden Grad.jpg

Системот „Сејф сити“ во првите 24 часа регистрирал 110.000 прекршоци, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според статистиката околу 5.000 прекршоци се однесуваат на преминување на црвено светло, а над 1000 за возење нерегистрирано возило.

Сепак, како што истакна министерот над 90% проценти од прекршоците се возење со брзина поголема од дозволената.

На замерките на јавноста дека е потребна толеранција во однос на брзината затоа што сега се регистрира прекршок и ако се вози со 50 км/ч Тошковски истакна дека се разгледуваат искуства од различни европски градови во однос на толерираното отстапување.

Сепак, рече Тошковски, станува збор за тест период во кој ќе ги разгледуваме сите аспекти на новиот систем.

Можете да прочитате

Автобус симнал патници среде улица затоа што снемало гориво

Институциите молчат за закланите коњи во ЗОО Скопје, порачаа од Анима Мунди

Евакуираните македонски државјани од ОАЕ стигнаа во Скопје