
На 12.03.2026 во 02:00 часот во Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино лишиле од слобода 39-годишник од Демир Капија, постапувајќи по претходна пријава дека во домот му се заканувал на неговиот 57-годишен татко и кршел предмети. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај него биле измерени 1,95 промили алкохол во крвта.
На 11.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Д.(44) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека подолг временски период ја малтретирал физички и психички неговата 46-годишна сопруга.
На 11.03.2026 во 20:00 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со 38-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека преку социјална мрежа упатувал закани и навреди на неговата 34-годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка.
На 11.03.2026 во 11:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Р.Џ.(43) од гостиварско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 44-годишна сестра.
На 12.03.2026 во 04:30 часот во СВР Тетово, 31-годишник од тетовско пријавил дека во неговото возило, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговата 35-годишна невенчана сопруга.
На 11.03.2026 во 10:50 часот во ОВР Гостивар Р.Р.(75) од Гостивар пријавил дека пред семејниот дом, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од неговиот роднина В.С. од Гостивар.
На 11.03.2026 во 13:45 часот во ОВР Гостивар, Ј.Р.(65) од Гостивар пријавил дека во дворот од домот, поради претходно недоразбирање, неговиот роднина М.Р. физички го нападнал.
На 11.03.2026 во 22:25 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Р.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 27-годишна сопруга, дека на подрачјето на Чаир физички ја нападнал.
На 11.03.2026 во 19:35 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.С.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга, со која биле разделени подолг временски период дека ја следел, вознемирувал и ја снимал со мобилен телефон.
На 11.03.2026 во 18:00 часот во СВР Скопје, 29-годишна жена пријави дека околу 17:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, била физички нападната од нејзиниот сопруг Б.Р.(34).
На 11.03.2026 во 22:00 часот во СВР Скопје, Ѓ.Р.(29) од Скопје пријави дека околу 18:00 часот во с.Љубанци, скопско, неговиот роднина Н.Р. му упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

