Утрински Весник
Македонија

11 лица приведени во Битола, затекнати во објект каде се играл комар

11 лица приведени во Битола, затекнати во објект каде се играл комар

Вчера во периодот од 21.30 до 22.30 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле акциска контрола во објект на ул.„Караорман“ во Битола, при што било утврдено дека во објектот неовластено се организира комар.

dobivaj vesti na viber

При контролата во објектот биле затекнати О.М., Е.Ш., Р.О., В.Р., М.Д., Н.А., Ѓ.А., Е.Р., И.Е., Р.А. и Б.М., сите од Битола.

Кај нив, како што соопшти полицијата, биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 398 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски, домашната задача за ЕУ не се прави со „Ноќни волци“ 

Вицепремиерот Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново 

Бруто се или нето и кому се паднаа 45.000 денари месечно од Лотарија?