Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

11 лица затекнати од полицијата како играат комар во стан во Скопје

11 лица затекнати од полицијата како играат комар во стан во Скопје
300x250 opst2

Против две лица од Скопје е поднесена кривична пријава откако полицијата во стан во скопската општина Центар кој бил во сопственост на еден од осомничените, затекнала 11 лица како играат комар.

СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело ,,комар” казниво по Кривичниот законик.

Првопријавениот на 28.04.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, информираат од МВР.

Од таму додаваат дека истите воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид-19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Кузмановски: Со реални и остварливи проекти до поубава и напредна Битола

Мицкоски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита