Утрински Весник
Македонија

109 санкционирани возачи во Скопје, 13 без возачка

109 санкционирани возачи во Скопје, 13 без возачка

На територија на град Скопје, вчера биле изречени вкупно 109 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени биле девет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за некористење сигурносен појас, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 36 за непрописно паркирање.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици