Утрински Весник
Македонија

106 санкции за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Dik 300x250 mk

Денеска мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 106 возачи.

Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.

Најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Продолжи судењето за Онкологија, сведоци тврдат дека давале мито за терапија

Во казино во Аеродром 70-годишник се степал со 62-годишник

Пронајдени 15 лица мигранти во гевгелиско, приведени двајца криумчари