Утрински Весник
Македонија

100 дечиња заглавени во Албанија на враќање од карате првенство откако по втор пат автобусот се расипал на сред пат

Download 4.jpg

Во организација на Карате федерација на Република Северна Македонија пред четири дена на 30 мај околу 100-тина деца, млади каратисти со автобус тргнале на меѓународен натпревар во карате во Црна Гора поточно Балканско првенство.

За ова патување родителите платиле по речиси 14 илјади денари по лице но децата освен проблеми не добиле речиси ништо.


Според она што нашата екипа го дозна уште при нивното поаѓање натаму тркалото на еден од автобусите излегло при што вистинска среќа е што не дошло до поголема катастрофа. Децата со часови часови чекале да дојде нов автобус како замена и да ги однесе со дестинацијата. Сепак изненадувањата продолжиле и таму, бидејќи како што се пожалија родителите, хотелот каде биле сместени нивните деца имал ужасно ниски услови.

Сепак најлошиот дел од ова патување е дека автобусот кој требал да ги врати во Македонија повторно има дефект па сега сите тие дечиња повторно со часови се заглавени во Албанија и не можат да се вратат.

Родителите се исклучително загрижени бидејќи голем дел од младите каратисти останале без батерии на нивните телефон, а се загрижени за нивната безбедност како и за тоа во каков автобус би биле вратени дома кај нив.

Родителите гневни прашуваат каква е оваа држава која дозволува нејзината иднина, младите спортисти да патуваат со небезбедни и неисправни автобуси?

Можете да прочитате

Чибишев за аферата „Онкологија“: Сите инволвирани треба да одговараат пред законот и да ја добијат заслужената казна

СДСМ: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал?

Скопјанец повикан на разговор поради закани кон Арсовска