Утрински Весник
Спорт

10.000 навивачи на финалето во Лига Европа

10.000 навивачи на финалето во Лига Европа

Финалниот натпревар во Лига Европа, ќе се одигра пред ограничен број на навивачи. Домаќин на финалниот меч ќе биде полскиот град Гдањск.

Владата на Полска, објави дека од 15.мај, клубовите можат да ги отворат портите на своите стадиони. Полјаците дозволиле да бидат исполнети 25 отсто од капацитетите на стадионите во земјата.

Ова значи дека финалето во Гдањск, на 26.мај, ќе можат да го следат 10.000 навивачи.

За пласман во финалето во Лиа Европа се борат Виљареал и Арсенал, односно Манчестер јунајтед и Рома.

> 10.000 навивачи на финалето во Лига Европа <

Можете да прочитате

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали

ПМФЛ: Дербито во Кратово за Шкендија

ЗОИ2026: Прво злато за американските хокеари по пауза од 46 години