Утрински Весник
Економија

10 години InPlayer во Скопје

10 години InPlayer во Скопје

Велат дека првите 10 години се вистинското искушение за секоја компанија, а десеттиот роденден е круна на сета макотрпна работа, успеси, падови и повторни успеси. Доколку се водиме од тоа непишано правило, несомнено е дека пред македонско-британската софтверска компанија InPlayer допрва следуваат најголемите успеси.

Под мотото „Decade of Awesomeness”, кое најдобро ја опишува компанијата и атмосферата во самиот тим, InPlayer на 08.11.2021 на аеродромот Стенковец ги прослави своите први 10 години.

Да се потсетиме, специјалност на InPlayer е монетизацијата на премиум содржини и главниот развој на платформата се движи во овозможување на што поголем број на функционалности кои нудат голем број на опции на крајните корисници.

InPlayer Limited е основана во јули 2010 година во Лондон, а набргу потоа, во ноември следната година е отворено и седиштето во Скопје, со тим од само неколкумина луѓе. Како и секоја успешна бизнис приказна, и таа на InPlayer е исполнета со безброј предизвици. Но, констатната мотивација, напорната работа, креативноста и нивната уникатност на светскиот пазар ги донесоа до тоа да изградат силен тим од над 200 вработени и над 50 отворени позиции.

Во моментов портфолиото на InPlayer брои илјадници задоволни клиенти, повеќе милиони остварени трансакции и проекти со светски имиња и брендови со кои ретко кој може да се пофали. А сето тоа благодарение на тимот посветени професионалци кои се секогаш спремни за акција.

Ова е само мал фрагмент од проектите и интернационалните соработки низ годините:

• Соработката со фудбалскиот гигант Manchester United и монетизација на нивните натпревари.

• Соработката со славната Зоолошката градина „Таронга’ во Сиднеј, Австралија

• Заеднички проект со UFC легендата, Конор Мекгрегор

• Признанието со кое ретко кој може да се пофали – Significant companies on the global digital content market.

За да го прослави овој голем успех, но, и за уште еднаш да потврди дека е компанија која постојано придонесува во заедницата, InPlayer во 2020 година реализираше општествено-одговорен проект за пошумување низ цела Македонија, со кој секој постоен и нов клиент добива уникатен подарок – дрво кое ќе биде засадено на прецизирана локација.

Фотографиите се само дел од “awesome“ роденденот на InPlayer тимот и прославата на првите 10 години.

Им посакуваме уште многу децении успеси, соработки со најголемите светски имиња и уште илјадници задоволни клиенти.

(ПР текст)

Можете да прочитате

Цената на нафтата утрово над 114 долари за барел

Намален прометот во индустријата во јануари

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи