Утрински Весник
Свет

1.256.048 прашања за Путин

1.256.048 прашања за Путин

Граѓаните на Русија досега испратија повеќе од 1,2 милиони прашања до рускиот претседател Владимир Путин за ТВ-програмата „Директна линија“.

До 9:05 часот по московско време, примени се 1.256.048 прашања, од кои 658.183 прашања преку кол центарот. Испратени се 331.070 прашања преку СМС или ММС, преку веб-страницата 129.336 и 103.972 преку мобилната апликација „Москва-Путин“, пренесува руската агенција ТАСС.

Уште 33.487 прашања биле примени преку социјалните мрежи.

Вакцинацијата и борбата против Ковид-19 се најпопуларните теми, објави ТВ-каналот „Русија 24“.

Програмата „Директна линија“ со Владимир Путин ќе се одржи денес.

Можете да прочитате

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток