Утрински Весник
Економија

1.150 слободни работни места! Започна Регионалниот саем за вработување!

1.150 слободни работни места! Започна Регионалниот саем за вработување!

Тринаесеттиот онлајн Регионален саем за вработување синоќа точно на полноќ ја отвори својата богата понуда на отворени работни позиции од Македонија, Хрватска, Босна, Србија и Словенија Целата оваа работна недела, односно од 17 до 21 октомври посетителите на саемот можат да ја истражат богатата понуда на слободни работни места презентирани од 150 компании излагачи од Македонија и регионот со над 1.150 огласи за вработување.

dobivaj vesti na viber

Оваа година на своите штандови ве очекуваат: Македонски Телеком, Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Аутомотив, Кромберг и Шуберт, Жикол, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Кроација Осигурување Живот, Мајорел, Вабтек МЗТ, Адиент Аутомотиве Штип и Струмица, Маркарт Македонија, Лакталис, Лионед Груп, Agile Pro Solutions, Data Masters, Леорон и други.

Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Pure Storage и Ingosoftware од Србија и Maistra Hospitality Group и Jadranski Luksuzni Hoteli од Хрватска.

Саемот ќе трае 5 дена и е достапен 24 часа преку сите десктоп и мобилни уреди со интернет конекција. За разлика од физичките саеми, Регионалниот саем за вработување можете да го посетите од кој било дел на земјата, кога и да ви одговара, на линкот https://mk.regionalensaemzavrabotuvanje.com/

– Спектарот на огласи за работа што работобарателите можат да го најдат на саемот е навистина широк. Овогодинешниот тринаесетти саем носи работодавачи со кои покрај кариерата ќе можете да го промените и местото на живеење. Оние кои сакаат да работат во трговија ги чекаат некои од водечките интернационални и регионални трговски синџири. Секако, на Саемот ќе најдете и други познати имиња од ИТ секторот, финансиите, банкарството, автомобилската индустрија, логистиката и други економски гранки. За оние кои би сакале работа во странство имаме понуди за работа од реномирани хотелски групации од Хрватска, како и од компании од различни сектори од Србија. Без разлика дали сте без искуство или барате позиции кои би биле следниот чекор во вашата кариера, сигурни сме дека секој ќе најде нешто за себе – велат од Вработување. Ком

Саемот традиционално го организира Vrabotuvanje.com во соработка со партнерите од регионот: MojPosao – Hrvatska, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.

ПР-текст

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“