Утрински Весник
Македонија

Радовиш и Виница добија нови контејнери за стакло, како дел од кампања за селекција на отпад

Радовиш и Виница добија нови контејнери за стакло, како дел од кампања за селекција на отпад

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Како дел од кампањата за градење граѓанска култура за селекција на отпадот, во Радовиш и Виница почна поставувањето на посебни контејнери за отпадно стакло, на повеќе локации низ двата источно-македонски градови. Како дел од акцијата ќе бидат поставени десет контејнери во Радовиш и осум во Виница, а се работи за пластични контејнери што се обезбедени во договор со компанијата „Пакомак“ од Скопје.

Еден дел од контејнерите се поставени во согласност со договорот помеѓу „Пакомак“ и ГИЗ (Германско друштво за интернационална соработка), кој беше потпишан неодамна, а во него е опфатено поставувањете на инфрастуктура за собирање стаклена амбалажа и едукација на населението за бенефитите од селектирањето на амбалажниот отпад. Целта е да се утврдат најдобрите начини и практики за собирање на отпад од стакло, кои потоа би се имплементирале низ целата земја.

Проектот „Управување со отпад од пакување од стакло во Западен Балкан“ е финансиран од германското Министерство за економска соработка и развој и компаниите СЕКОПАК (Србија), ПАКОМАК (С. Македонија) и ЕКОПАК (Босна и Херцеговина), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.

Партнери во имплементација на проектот се Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) и приватните компании оператори на системот (СЕКОПАК, ПАКОМАК и ЕКОПАК),  во соработка со регионалниот технички секретаријат на BFC SEE мрежата (НАЛЕД), Заедницата на единиците на локална самоуправа во Северна Македонија (ЗЕЛС) и Регионална Развојна Агенција за Херцеговина (РЕДАХ). Овој проект е одобрен на почетокот на 2020 година, а ќе трае до крајот на 2022 година.

Како што соопшти компанијата, поставувањето на нови контејнери за стакло ќе ја збогати и надополни отпадната инфраструктура во Радовиш и Виница, пружајќи им на граѓаните на овие општини можност полесно и поедноставно да го одложуваат отпадот кој може да се рециклира. Во иднина, слични акции се планирани за повеќе градови низ земјава. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија