Утрински Весник
Македонија

Џудо федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Џудо федерацијата лани му ја одзела лиценцата на тренерот осомничен за полови злоупотреби на ученички

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, кој се сомничи за полови злоупотреби на малолетнички кои му биле ученички, бил на дисциплинска постапка од Македонската џудо федерација за злоупотреба на официјални документи.

„Во врска со последните случувања поврзани со обвинувањата за злоставување малолетнички од тренер по џудо, згрозени сме од информациите во јавноста и очекуваме брзо разрешување на случајот. Веруваме дека истрагата целосно ќе го расветли случајот за што како Федерација сме целосно на располагање на истражните органи.

Посочениот тренер одамна не е член на федерацијата и уште минатата година беше дел од дисциплинска постапка поради злоупотреба на официјален документ испратен од Светската Џудо Федерација, како и поради прекршување и непочитување на Статутот и други мерки и протоколи. Поради оваа дисциплинска постапка, одземена му е лиценцата за тренер по џудо и исфрлен е од Џудо федерацијата на Македонија, за што официјално беа известени сите надлежни институции вклучувајќи ја и Агенцијата за млади и спорт“,информираат од Федерацијата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Касами делел тендери од 100.000 евра на фирма-донатор на БЕСА

Шест лица со симптоми на труење по семинар во ресторан во Куманово, двајца се хоспитализирани

(Видео) Среде пожари 400 пожарникари се оставени без плата, алармира СДСМ