Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни со апел до таблоидите да не објавуваат фотографии од неговите деца

Џорџ Клуни со апел до таблоидите да не објавуваат фотографии од неговите деца
Dik 300x250 mk

Актерот Џорџ Клуни со отворено писмо бара од медиумите да не објавуваат фотографии на кои се гледаат лицата на неговите деца.

Холивудската ѕвезда вели дека ваквите фотогарфии ги загрозуваат животите на неговите две деца, особено поради природата на работата на неговата сопруга.

Амал Клуни е адвокатка за човекови права, која, како што вели тој во писмото, испраќа на судење разни терористички групи. „Поради тоа, правиме сè што можеме за да го заштитиме нашето смејство. Не можеме да ги заштитиме нашите деца ако весниците објавуваат фотографии од нивните лица на насловните страници.“

Неговите коментари беа објавени од неколку портали, вклучувајќи ги „Вараети“, „Холивуд репортер“ и „Дедлајн“.

Актерот од Gravity и Ocean’s Eleven, а во поново време и режисер, пишува дека тој и неговата сопруга не се на социјалните мрежи и дека сакаат приватност.

Клуни се решил на ваков чекор откако видел фотографии од едногодишната ќерка на американската актерка Били Лорд објавени на интернет.

Во писмото, адресирано на „Дејли мејл и други публикации“, Клуни нагласува дека и неговите деца постојано се на мета на папараците.

Некои медиуми потсетуваат дека ова не е прв конфликс меѓу Клуни и Дејли мејл. Пред неколку години, актерот го отфрли извинувањето од „Мејл онлајн“, веб-страница на весникот, откако испечати лажна приказна за мајката на Амал, Барија Аламудин.

Џорџ и Амал Клуни се родители на четиригодишни близнаци Александар и Ела. Двојката е во брак од 2014 година.

Можете да прочитате

Слатко од тиква – 24info.mk

Јубилеен концерт на „Ареа“ во сабота во СП „Јане Сандански“ – 25 години од „Врати на имагинација“

Ја напушти Америка за да гради кариера во Македонија: Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд!