Утрински Весник
Магазин

Џорџ Клуни не сака да стане политичар

Џорџ Клуни не сака да стане политичар

Холивудската ѕвезда Џорџ Клуни соопшти дека не планира да започне политичка кариера бидејќи сака да има убав живот.

60-годишниот актер и режисер го поврзуваат со политичка функција веќе некое време, но тој инсистира дека тоа не е во неговите идни планови.

Во разговор со Ендру Мар во неговота емисија The Andrew Marr Show, водителот го праша дали би се кандидирал за некоја политичка позиција, тој одговори: „Не, бидејќи јас всушност би сакал да имам убав живот“.

Режисерот на The Teder Bar, кој со сопругата Амал има четиригодишни близнаци Ела и Александар, планира да ги намали работните обврски додека е сè уште здрав и додека може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.

„Оваа година наполнив 60 години. Дискутиравме со сопругата, и двајцата работиме многу, и јас реков дека следниот период треба да го сфатиме како полугодие“.

„За 20 години, ќе имам 80 години и тоа е реална бројка. Не е важно колку вежбате, што јадете, вие имате 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме овие години на најдобар можен начин “.

По поразот на Доналд Трамп на претседателските избори, Клуни инсистираше дека на САД му треба заздравување, а сега тој смета дека луѓето не треба да бидат загрижени поради намалувањето на популрноста на претседателот Џо Бајден во најновите анкети.

“Тоа е како да земаш претепано дете и да мислиш дека се ќе биде во ред неговиот прв ден во училиште. Има многу работи што треба да се поправат, потребно е многу заздравување и ќе треба време,“ рече тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста