Џорџ Клуни имал сообраќана несреќа на италијанскиот остров Сардинија додека ја снимал минисеријата „Кеч-22“ и признава дека имал среќа да ја преживее драматичната несреќа.
Во интервју за британски „Индипендент“, 59-годишниот актер рече: „Имав среќа. Летав во воздух и завршив на колена. Можев да паднам на кој било друг дел од моето тело и сигурно ќе бев мртов.“
По несреќата, актерот бил пренесен во болница. Неговите повреди не биле сериозни и набрзо бил пуштен. Сепак, неговата сопруга Амал му забранила да се вози на мотор по несреќата.
Џорџ се пошегува: „И потоа дознав дека не смеам да возам мотор. Mојата сопруга ми рече: Доста е.“