Утрински Весник
Спорт

Џордан донира 100 милиони долари во борба против расизмот

Родман: Во денешната НБА Мајкл Џордан ќе постигнуваше по 50 поени
Dik 300x250 mk

Шарлот, 6 јуни 2020 (МИА) – Мајкл Џордан најави дека ќе направи донација од 100 милиони долари за поддршка на борбата против расизмот. Легендарниот НБА играч го стори тоа по немирите во Соединетите држави, кои избувнаа по смртта на Џорџ Флојд како резултат на полициското насилство.

Донацијата на Џордан ќе биде направена за групите кои се борат против расната нееднаквост и ја бранат социјалната правда. Износот ќе биде дистрибуиран во рок од 10 години.

– Заедно, Мајкл Џордан и брендот „Џордан“ решија да направат донација од 100 милиони во текот на следните 10 години. Сите ние мора да ги здружиме силите и да го направиме ефектот на нашите активности трајни, рече претседателот на брендот „Џордан“, Крег Вилијамс..

Ние мора да се слушаме едни со други, да покажеме сочувство и емпатија и никогаш да не вртиме грб на бесмислена бруталност, посочи пак легендарниот бек на Чикаго Булс.

– Мора да продолжиме да зборуваме мирно против неправдата, напиша Џордан (57) по смртта на Флојд.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите