Утрински Весник
Спорт

Џон Џонс влезе во УФЦ Куќата на славните, па беше уапсен за домашно насилство

Џон Џонс влезе во УФЦ Куќата на славните, па беше уапсен за домашно насилство
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

УФЦ легендата Џон Џонс бил уапсен во петокот наутро, неколку часа откако беше примен во Куќата на славните на УФЦ во Лас Вегас.

Во 5.45 часот наутро по локално време, полицијата го уапсила Џонс со две обвинувања – домашно насилство и манипулирање на патничко возило. Деталите околу апсењето не се познати, но се верува дека тој уште утре ќе се појави пред суд.

34-годишниот Џонс е познат по неговите конфликти со законот. Во 2012 година тој избегна затворска казна за возење под дејство на алкохол, кога го судри своето Бентли во бандера. Во април 2015 година, повторно проблеми со возилата – Џонс удри автомобил со бремена жена и избега, по што ја загуби УФЦ титулата. Тој и тогаш избегна затворска казна, но отслужи 18 месеци условна казна. Во септември 2019 година, тој беше обвинет откако удрил келнерка во еден стриптиз бар.

> Џон Џонс влезе во УФЦ Куќата на славните, па беше уапсен за домашно насилство <

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот