Утрински Весник
Магазин

Џон Траволта со нова верзија на танцот од „Брилијантин“

Џон Траволта со нова верзија на танцот од „Брилијантин“

Џон Траволта се здружи со својата ќерка Ела за да направи нова верзија на познатата сцена од „Брилијантин“ (Grease) во реклама за Супер боул.

66-годишниот актер и неговата 20-годишна ќерка беа дел од ѕвездената реклама на „Скотс миракл-гро“, правејќи своја верзија на познатата сцена на мјузиклот.

Во новиот танц, Џон игра со Ела (20), неговата ќерка со покојната сопруга Кели Престон, на тревник.

Џон го изведе иконскиот танц во филмот од 1978 година, заедно со Оливија Њутн Џон.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци

Ран знак за рак на белите дробови: Што откриваат врвовите на прстите