Утрински Весник
Магазин

„Џон Вик 4“ ќе биде најдолгиот филм во серијалот, вели режисерот

Подолго траење стана заштитен знак на современите филмови, а „Џон Вик 4“ не е исклучок од правилото.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за „Колидер“, режисерот Чед Стахелски откри дека претстојниот филм ќе биде најдолгиот во серијалот досега.

„Ќе биде подолг од другите три, но не премногу,“ рече тој.

Иако не прецизира, четвртиот во сагата за немилосрдниот одмаздник ќе трае најмалку 131 минута, ако се земе предвид „Џон Вик Поглавје 3: Парабелум“.

„Џон Вик 4“ треба да пристигне до 2023 година, иако режисерот откри дека снимањето е во завршна фаза, што значи дека премиерата може да подрани.

„Секвенците се завршени. Филмот е во суштина направен. Веројатно ќе има уште неколку недели целокупно дотерување, потоа го заклучуваме, а станува збор за звукот, музиката и ефектите“, додаде тој

Можете да прочитате

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил

Овие хороскопски знаци претпочитаат комплицирани врски

Ова се автомобилите со најдобар квалитет по 100.000 км