Утрински Весник
Магазин

Џон Вик се бори против нови непријатели

Dik 300x250 mk

„Џон Вик: Поглавје 4“, најнов во сагата за немилосрдниот одмаздник, ќе има нов вид нинџи.

dobivaj vesti na viber

Режисерот Чад Стахелски изјави дека претстојниот филм ќе биде подлабоко истражување на традицијата на серијалот, и во кој насловниот лик ќе се бори против нови непријатели.

„Ја сакам митологијата“, изјави Стахелски за „Вараети“. „Сакам добар мит. Навистина не верувам, барем за филмовите со Џон Вик, во структура од три чина. Верувам во раскажување приказни.“

„Отсекогаш сме го гледале Џон Вик како Одисеј. Затоа, одвојуваме време што ни е потребно да ја раскажеме приказната. Сè додека не заспиваме гледајќи ја, продолжуваме со неа. Но, претпоставувам дека има лимит.”

Во претходниот, „Џон Вик 3“, статусот „eкскомуникадо“ го принуди титуларниот лик да се бори против нинџа- клан предводен од убиецот Зеро, кого мистериозното раководство го назначи да ги казни сите што му помагале на Вик.

Можете да прочитате

Најбрзиот воз во светот достигна 453 км/ч, пробните возења продолжуваат

Истражување: ВИ-асистентите погрешно ги претставуваат вестите во половина одговори

Фатен сом долг 3 метри и тежок 120 килограми во Шпанија