Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Џонсон стравува од распад на Велика Британија: Би било штета да се изгуби таа сила и магија

Џонсон стравува од распад на Велика Британија: Би било штета да се изгуби таа сила и магија
Img 7972

Премиерот Борис Џонсон предупреди дека Велика Британија ќе биде послаба ако се раскине унијата што обединува четири нации, е последната изјава на неговото спротивставување на сè погласните повици за независност на Шкотска.

Несогласувањата меѓу четирите британски конститутивни нации, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Англија, во врска со управувањето со пандемијата на коронавирус, им наштетија на односите што и онака беа нарушени поради брегзит.

Ова особено важи за Шкотска, која гласаше против заминувањето од ЕУ. Неодамнешните анкети покажуваат дека поддршката за независност на Шкотска е само малку поголема од поддршката за 300-годишна унија со Англија.

„За мене, унијата на Обединетото Кралство е најголемото политичко партнерство што светот го видел досега. Би било штета да се изгуби таа сила, таа магија на нашата унија “, рече Џонсон.

На референдумот во 2014 година, 55 проценти од Шкотите гласаа да останат во унијата и 45 проценти за независност, но Шкотската национална партија (СНП), која владее во полу-автономниот регион, сака повторување на референдумот.

Џонсон и другите високи официјални претставници и министри, големи поборници на унијата, во последните неколку недели опширно дебатираа во Шкотска за силата и придобивките од тој однос.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин: Ако има добра волја, Русија и САД можат да го продолжат Договорот Нов СТАРТ

Меланија Трамп: Путин одговори на моето писмо, украинските деца се вратија кај семејствата

Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври