Утрински Весник
Свет

Џонсон објави војна против дебелината во Британија

Џонсон објави војна против дебелината во Британија

Кампањата „Подобро здравје“ има за цел да охрабри и поддржи 35 милиони Британци да ослабат и да го подобрат своето здравје.

Тоа е повеќе од половина од населението на Велика Британија. Затоа премиерот Борис Џонсон бара од своите сограѓани да возат велосипед.

Во текот на денот, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ќе открие како треба да изгледа 12-недела програма, која треба да го подобри здравјето на целата земја. Целта на кампањата „Подобро здравје“ е да се намалат трошоците предизвикани од дебелината и да се спречи нов бран на коронавирус, пренесува „Би-би-си“.

Како дел од кампањата, лекарите ќе ги охрабрат Британците да возат велосипед за да бидат потенки и во подобра физичка состојба.

Овој потег беше поддржан и од британската опозиција затоа што радикалното дејствување против дебелината требаше да се спроведе одамна.

Погрешните чекори на конзервативните власти – намалувањето на буџетот за здравствениот систем и неригорозните забрани поврзани со брзата храна влијаеја Велика Британија да има стапка на дебелина кај децата меѓу највисоките во светот, остро укажува опозицијата.

Бројни научни студии покажаа дека дебелината го зголемува ризикот од развој на одредени заболувања. На пример, исхрана богата со шеќер може да доведе до развој на дијабетес тип 2.

Сепак, важно е да се истакне дека дури и луѓето кои немаат вишок килограми може да имаат лош избор на храна или да не вежбаат доволно.
Генетиката и наследените состојби и болести можат многу да влијаат на нечија тежина, но балансираната исхрана и физичката активност се најдобри за физичкото и менталното здравје.

Според извештаите на Светската здравствена организација, Велика Британија е меѓу водечките земји во светот кога станува збор за дебелината.

Во моментот е на 36. позиција (од 192) на земјите со најдебело население.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД