Утрински Весник
Свет

Џонсон: На Путин ќе му кажам да не ги преминува границите

Џонсон: На Путин ќе му кажам да не ги преминува границите

Британскиот премиер Борис Џонсон, денеска, најави дека на разговорот најавен за подоцна неделава ќе му каже на рускиот претседател Владимир Путин да не ги преминува границите во врска со Украина.

„Мислам дека сите треба да се повлечеме од работ, а и Русија треба да го стори тоа“, им рече Џонсон на новинарите.

Генералниот секретар на британското Министерство за финансии, Сајмон Кларк, претходно денеска изјави дека Велика Британија ќе ги санкционира компаниите и луѓето што имаат најблиски врски со Путин доколку Русија преземе каква било акција против Украина.

Официјален Кремљ ја опиша заканата како алармантна.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека таквата закана е напад врз руските компании, што ја поткопува инвестициската клима во Британија и ги подгрева тензиите во Европа.

Можете да прочитате

Шефот на БлекРок: Војната може да заврши на два начина и двата се екстремни

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави