Утрински Весник
Свет

„Џонсон и Џонсон“ ја пријавија вакцината за одобрување од СЗО

„Џонсон и Џонсон“ ја пријавија вакцината за одобрување од СЗО

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ објави дека ја пријавиле својата вакцина против коронавирус за одобрување од Светската здравствена организација за итна употреба.

Компанијата наведува дека овој процес е предуслов за испорака на нејзината вакцина за програмата Ковакс, со која треба да се обезбедат вакцини за сиромашните и средно развиените земји, пренесува „Ројтерс“.

„Џонсон и Џонсон“ во декември минатата година склучија договор за поддршка на програмата Ковакс.

„Џонсон и Џонсон“ и организацијата Гави, која ја води Ковакс со СЗО, очекуваат однапред да биде склучен договор за набавка на вакцини, со што ќе се обезбедат до 500 милиони вакцини преку таа програма во текот на 2022 година“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иранска револуционерна гарда: Ормускиот Теснец останува затворен по наредба на ајатолахот

Русија ги предупредува граѓаните да не патуваат во Германија

Иран не поставува мини во Ормускиот Теснец, изјави Тахт-Раванчи