Утрински Весник
Свет

Џонсон даде зелено светло за внимателни прегратки

Џонсон даде зелено светло за внимателни прегратки

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска даде зелено светло за прегратки со претпазливост и послужување пиво во пабовите, по неколку месеци строги ограничувања.

Владата во февруари објави план во четири чекори за постепено ублажување на социјалните ограничувања, а следната фаза треба да стапи на сила идната недела.

Џонсон рече дека владата ќе им овозможи на семејствата и блиските пријатели сами да носат одлуки за социјалните контакти, но ги повика луѓето да не ја занемаруваат претпазливоста и рече дека одржувањето на растојание е задолжително на работните места, во продавниците и рестораните, пренесува „Ројтерс“.

„Ова отклучување е многу важен чекор на патот кон враќање во нормала и јас сум убеден дека ќе можеме да одиме понатаму“, рече Џонсон на прес-конференција.

Повторното отворање ќе се однесува само на Англија, а полуавтономните влади на Шкотска, Северна Ирска и Велс ќе воспостават свои правила.

Главните медицински лица во земјата исто така денеска го намалија нивото на предупредување за Ковид-19, што значи дека епидемијата циркулира, но пренесувањето не е веќе високо и не расте експоненцијално.

Можете да прочитате

Над 160 лица загинаа во поплавите во Азија

Европол заплени осум милиони штетни играчки

САД трајно ќе ја запрат имиграцијата од „земјите од третиот свет, најави Трамп