Утрински Весник
Свет

Џонсон: Антиваксерите не се нормални

Џонсон: Антиваксерите не се нормални

Британскиот премиер, Борис Џонсон, за време на промоцијата на програмата за вакцинирање против грипот изјави дека луѓето кои се спротивставуваат на вакцинацијата не се нормални.

„Денес има се повеќе и повеќе антиваксери. Тие не се нормални, не се нормални“, рече премиерот за време на посетата на лекарите во Лондон. Иако е загрижен за можноста од втор бран, Џонсон верува дека Велика Британија ќе ја прекине пандемијата на коронавирус до средината на 2021 година, пишува „Гардијан“.

Британските власти планираат годинава да ја продолжат вообичаената зимска програма за бесплатно вакцинирање против грипот на сите постари од 50 години, со цел да се обидат да го намалат нивото на инфекции во текот на зимата и да спречат преоптовареност на здравствениот систем во случај на појава на втор бран на ковид-19.

Џонсон и самиот годинава заболе од ковид-19, но беше на интензивна нега и оздраве.

Опозициските партии тврдат дека Џонсон бил премногу спор во воведувањето на карантинот и оти не ги заштитил гражаните во старечките домови како ранлива точка. Обвинуваат дека Џонсон лошо го спроведувал тестирањето и следењето на контактите и дека не го отпушти високиот советник Доминик Камингс кој патувал за време на карантинот.

Џонсон кажа дека неговото искуство е дека владата требало „побрзо да реагира и да одговори на потребите на народот“.

„Понекогаш владата може да биде спора“, рече Џонсон пред новинарите во освртот на годината откако е на власт. „Учиме цело време“, кажа тој.

Запрашан колку долго ќе мора да се носат маски, Џонсон кажа дека ќе мора да се потпре на здравиот разум на Британците, но одби да даде какво било навестување за тоа кога мерките би можеле да бидат ублажени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков