Утрински Весник
Магазин

Џони Деп: Поротата ми го врати животот

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поротата во средата едногласно донесе одлука во корист на Џони Деп во неговата мултимилионска тужба за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд.

Неколку моменти по објавувањето на пресудата, Деп, кој не беше присутен во судот, објави изјава на Инстаграм во која вели дека поротата му го вратила животот.

„Пред шест години, мојот живот, животот на моите деца, животите на најблиските, а исто така и животите на луѓето кои многу години ме поддржуваа и веруваа во мене беа засекогаш променети во една секунда,“ напиша тој во својата прва изјава откако ја доби тужбата. Се чини дека изјавата е напишана на машина за пишување.

Деп продолжува дека медиумите во тоа време се фокусирале на лажни, многу сериозни и криминални наводи против него, што предизвикало бескрајна силва од содржини со омраза“.

 

 

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима