Утрински Весник
Магазин

Џони Деп поранешната сопруга ја нарекувал џган

Џони Деп поранешната сопруга ја нарекувал џган

Џони Деп и Амбер Херд постигнаа спогодба за развод во август 2016 година, пред разделбата да стане формална во јануари 2017 година.

Во новооткриените СМС-пораки кои актерот ги испраќал по договорената спогодба, тој пишувал дека „ја мрази и дека не би ја допрел ниту во хазмат одело“.

СМС-пораките излегоа во јавност минатата недела кога беа презентирани пред Апелациониот суд во Лондон, каде Деп поднесе жалба за случајот клевета против весникот „Сан“. Таблоидот го оквалификува како тепач на жена по наводите кои ги изнесе Амбер по нивната разделба.

Адвокатот на 57-годишниот актер тврди дека Амбер го измамила судијата во случајот клевета да мисли дека таа била жртва на семејно насилство.

Како одговор, адвокатот на „Сан“ презентираше СМС-пораки и рече дека Деп бил преокупиран со идејата дека неговата поранешна е џган и копач на злато.

А во СМС пораките Џони пишува: “Ми се лоши кога ќе помислам колку напорно се трудев да направам бракот да успее. „Искрено, јас не би го допрел тоа ѓубре ниту со облечен хазмат. „Каков џган. Јас ја мразам!”

Адвокатот на “Сан“, Адам Волански, пред судот рече: „Етикетирањето на г-ѓа Херд како копач на злато е женомрзечка реторика. Ова било безнадежно, исто како и неговата теорија дека обвинувањата за насилство се измама.“

Апелациониот суд накнадно ќе ја објави својата одлука за тоа дали ќе му даде зелено светло на Џони за жалба.

Во ноември минатата година, судија на Кралскиот суд на правдата во Лондон донесе одлука дека Деп физички ја напаѓал својата поранешна сопруга за време на нивната бурна петгодишна врска, и ја довел до ситуација да стравува за нејзиниот живот.

Во пресуда со која сериозно може да се наруши угледот и кариерата на Деп, судијата рече дека ги прифаќа тврдењата на поранешната сопруга на актерот дека тој бил насилник. Според него, подносителот на барањето не успеал да ја докаже постапката за клевета.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста