Утрински Весник
Магазин

Џони Деп отвори профил на „Тик-ток“

Џони Деп се приклучи на „Тик-ток“ и веднаш доби повеќе од 1,6 милион следачи.

Холивудскиот актер отвори профил на популарната платформа за споделување видеа по правната победа над поранешната сопруга Амбер Херд во судењето за клевета.

Деп (58) за два дена го заследија над 1,6 милион следачи, а во биото на профилот стои: „Повремен Теспијан“. Деп моментно не следи никого и не лајкувал ниту една објава на апликацијата.

Одлуката да отвори профил ја донел неколку дена откако поротата во Вирџинија ја потврди неговата победа во судската битка со Херд поради текст од 2018 година што таа го напиша за „Вашингтон пост“.

Можете да прочитате

Тешко утро за еден знак, блокирани емоции кај друг: Дневен хороскоп (03.12.2025)

Утре е голем празник: Посебен ден за жените – преноќување во црква за потомство

Заедно за одржлива иднина: ОКТА трета година донира соларни централи – повеќе енергија, помалку трошоци, почиста околина