Утрински Весник
Магазин

Џоли бара изземање на приватниот судија кој го надгледува разводот со Пит

Џоли бара изземање на приватниот судија кој го надгледува разводот со Пит

На повидок е една најдолгите бракоразводни битки во историјата на Холивуд бидејќи станува очигледно дека сагата „Бранџелина“ е далеку од готова.

Во понеделникот, Анџелина Џоли побара приватниот судија што го надгледува нејзиниот развод од Бред Пит да биде изземен од случајот поради неоткривање на негови деловни односи со еден од адвокатите на Пит.

Во поднесокот до судот во Лос Анџелес, Џоли тврди дека судијата Џон В. Оудеркирк треба да биде изземен од случајот со разводот што таа го поднесе во 2016 година. Актерката вели дека судијата многу одолговлекувал и доцнел  бидејќи бил ангажиран за други случаи од страна на адвокатката на Пит, Ани Кили.

Во поднесокот стои дека за време на бракоразводната постапка на Џоли-Пит, Оудеркирк не открил дека работи на случаи што демонстрираат врски помеѓу судијата и бранителот на другата страна. Таа смета дека ова е судир на интереси.

Пит и Џоли, како и многу други парови од висок профил, плаќаат за приватен судија во случај на развод со цел да останат запечатени сите лични финансиски податоци, иако некои правни потези мора да се направат во рамките на вообичаена судска процедура.

Џоли потенцира дека приватниот судија мора да ги следи истите правила на откривање и конфликт на интереси исто како и другите судии.

Најновиот пресврт во формалното финализирање на разделбата доаѓа по вестите во таблоидите дека односите помеѓу некогаш најпопуларниот пар во Холивуд се подобруваат.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста