Утрински Весник
Спорт

„Џокерот“ на Чави го продолжил договорот со Барселона

Фудбалерот на Барселона, Серхи Роберто се согласил да го продолжи договорот со каталонскиот клуб до јуни следната година, објавија локалните медиуми.

Каталонски „Спорт“ наведува дека најдоцна во петок клубот ќе објави дека Роберто ќе остане во тимот од „Ноу Камп“ уште една година.

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, побара од клупските челници да го задржат искусниот фудбалер и покрај тоа што минатата сезона поради проблеми со повреди одигра само 567 минути.

Чави смета дека Роберто сепак може да биде „џокер“ на некои натпревари.

За фудбалерот на Барселона интерес покажаа бројни клубови од американската МЛС лига, но и Атлетико Мадрид, но тој реши да остане во Барселона.

> „Џокерот“ на Чави го продолжил договорот со Барселона <

Можете да прочитате

РК Алкалоид останува непоразен во лигата

Барселона остана и без Феран Торес

Македонските фудбалери се собра пред двата меча во Лигата на Нации