Џоди Фостер ја расчисти дилемата околу Арон Роџерс додека го промовираше новиот филм „Мавританецот“ како гостинка во популарното ток-шоу „Џими Кимел лајф“ во четвртокот.
58-годишната актерка беше запрашана за напаѓачот на „Грин беј пакерси“, Арон Роџерс (37), кој го спомна нејзиното име во текот на неговиот говор по прогласувањето за најдобар играч на сезоната.
Арон за време на својот говор ѝ се заблагодари на својата свршеница Шајлин Вудли (29), која заедно со Џоди глуми во драмата „Мавританецот“, како и на другите поддржувачи.
„Исто така, чувствувам дека имам голема група луѓе кои ме поддржуваат. Би сакал да му се заблагодарам на мојот тим, надвор од теренот. Рајан, Томи, Леонард, Ребека, Адам, Оливер, Емил, Деби, Џоди Фостер, Чез, Попер …,“ рече Арон во неговото виртуелно појавување за NFL Honours на 6 февруари.
„Дали знаевте дека тоа се случува?“, ја праша Џими двократната оскаровка облечена во светлосин костим на нејзиното гостување во ток-шоуто на „Еј-би-си“.
„Тој рече мојот тим, тоа не значи дека буквално сум во неговиот тим“, одговори таа разиграно.
„Дали го познаваш Арон Роџерс? “ праша Џими.
„Не“, рече Џоди.
„Не знаеше дека ќе го каже тоа?“, продолжи Џими.
„Тој знае дека јас сум неговиот најголем фан“, одговори таа.
Џими праша дали ќе го спомене Арон во говорот доколу добие „Златен глогус“, по номинацијата за најдобра женска споредна улога за филмот „Мавританецот“.
„Апсолутно. Можеби ќе треба да го именувам целиот тим на „Пакерси“. Даванте Адамс мора да биде таму некаде “, рече Џоди, алудирајќи на sвездата-примач на „Пакерси“.