Утрински Весник
Македонија

Џоана: Обновено чувство на солидарност од САД до Северна Македонија во одговорот на пандемијата

Петковска за МИА: Протоколот за членството во НАТО предаден на Рикер во вонредни околности

Вашингтон, 16 април 2020 (МИА) – Во рамките на стратешкиот одговор на НАТО на пандемијата од коронавирус, Турција денеска испрати товарен авион со опрема за лична заштита на медицински персонал во Велика Британија, додека Германија испрати илјадници апарати за белодробна вентилација кај повеќе сојузнички, изјави денеска Мирчеа Џоана, заменик генерален секретар на НАТО.

Преку видео-конференција организирана од Атлантскиот совет во Вашингтон, Џоана изјави дека  НАТО деновиве реализира повеќе од 100 стратешки летови за помош на сојузничките земји загрозени од пандемијата, изградени се повеќе од 25 полски болници, распоредени се над 4.000 лица воен медицински персонал за поддршка на цивилните здравствени работници со „херојски напор во тешки околности“ за помош и спасување на заболените од Ковид-19.

НАТО, исто така, поставило 25 илјади болнички кревети за третман на пациенти, додека „десетици илјади војници на земјите членки се на првите борбени линии“.

-Помошта за Северна Македонија е пример како најнова членка на НАТО има бенефит од солидарноста на Алијансата, изјави тој.

Додаде дека сите овие активности се координираат преку Евро-атлантскиот центар за координација на одговор од катастрофи, механизам на НАТО за цивилна одбрана во вонредни ситуации.

Во над седумдецениското постоење на НАТО, Алијансата се справувала со разни кризи, тензии и ривалства, и може да се прилагоди и на оваа најнова криза. НАТО е опремено да одговори… и како што гледам, се појавува обновено чувство на солидарност кое се протега од САД до Северна Македонија“, изјави тој.

На вонредниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, кој вчера исто така се оддржа преку безбедна видео врска, и министерската за одбрана, Радмила Шеќерениска, потврди дека дел од таа помошта за нашата земја дојде од земји како Холандија, САД, Норвешка или Чешка.

Џоана се осврна и на засилените дезинформации на државни и недржавни актери „кои прават многу штета во информациското пространство“.

-Ситуацијата со коронавирусот се злоупотребува и се прави масивна инфо штета, преку една информациска кампања што е комбинација од теории на заговор и сеење незадоволство и недоверба во нашиот демократски систем, во западните институции, и ова е нешто кое ние го земам мошне сериозно, истакна Џоана.

Тој укажа дека НАТО работи заедно со министрите за одбрана на земјите членки и владите на земјите на ЕУ, „одговорот на овие дезинформации да биде снажен“.

-Не дозволуваме позадината на оваа страшна човечка трагедија да биде користена и злоупотребена за да се сее неединство во Алијансата, порача Џоана.

Тој им порача на сите граѓани на ЕУ да отфрлат секакви митови и теории на заговор и да се обидат да примаат информации од проверени извори и професионални новинари, од акредитирани професионалци со проверено искуство.

За проблемот со пропагандата во време на пандемија вчера посочи и генералниот секретар Јенс Столтенбер, кој изјави дека сојузничките на НАТО во регионот се мета на дезинформации од странски извори пред се во однос на тоа колкава помош примаат од Алијансата и од ЕУ. кб/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николова: Мицкоски без грам совест и одговорност потроши 20.000 евра на повратни билети за САД

Скопјанец удрил лице кое управувало тротинет

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир