Утрински Весник
Магазин

Џим Кери го нарече Доналд Трамп „кловнот убиец“ по пучот во Капитол

Џим Кери го нарече Доналд Трамп „кловнот убиец“ по пучот во Капитол
Dik 300x250 mk

Џим Кери ја искористи својата платформа и уметничка способност да го критикува Доналд Трамп и неговите соработници за, како што напиша, макотрпен четиригодишен мандат.

Според британски „Дејли мејл“, 58-годишниот актер ја објавил својата најнова статија на Твитер во средата вечерта, „само неколку часа откако толпа бели националисти упаднаа во американскиот Капитол во обид да го запрат пребројувањето на гласовите на изборниот колеџ за верификација на претседателските избори, а Конгресот подоцна го прогласи победникот на изборите Џо Бајден за 46. претседател на САД“.

И покрај повеќе од 60 неуспешни или отфрлени тужби поднесени од Трамп со кои се оспоруваа претседателските избори, поранешната рeaлити-ѕвезда го призна поразот дури на 6 јануари, откако неговите приврзаници влегоа во просториите на Сенатот за време на деструктивниот бунт, каде една жена беше смртно застрелана, додава британскиот весник.

А Кери, на својот Твитер постираше карикатура од Трамп и до неа напиша: „Но, кловнот убиец не дојде само да однесе животи. Тој е тука да ја убие вистината и да го вооружи незнаењето .“

„Денешното осквернување на куполата Капитол е жетва на републиканска небрежност и отворена побуна од врвот надолу. Хроничните симптоми на корумпиран претседател и Сенат сега се целосно во сила “, напиша актерот.

„Извини Џо…овој кловн те направи претседател во време на војна, сакал или не,“ додаде тој.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Жестока дискусија: Свети Лука или Ноќ на вештерките: 31 октомври е датумот што ги спојува двата празника – еве што вели црквата

Совети за непотребно претераната грижа за децата наесен

Калиопи најави три акустични концерти во Филхармонија