Утрински Весник
Магазин

Џеј Ло на својот инстаграм-профил објави фотографија со децата

Џеј Ло на својот инстаграм-профил објави фотографија со децата

Во интервјуата, Џеј Ло секогаш истакнува дека сила и даваат нејзините деца, денес 12-годишните близнаци Ема и Макс, кои ги доби во брак со музичарот Марк Ентони, од кого се разведе во 2011 година, но остана во пријателски односи.

Латинодивата е грижлива мајка и секогаш кога тоа ќе го дозволат нејзините деловни обврски, ужива да се дружи со своите деца.

Џенифер (51) на својот инстаграм-профил објави фотографија која ги воодушеви сите, па за краток временски период, симпатичната објава собра повеќе од 2 милиони допаѓања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Џенифер позираше со своите деца кои седат во нејзиниот скут, а покрај фотографијата напиша: „Ми се допаѓа што тие сè уште сакаат да седат во скутот на мама. Среќна сабота”.

Позитивни коментари имаше од сите станови: „Вие сте толку слатки“, „Прекрасно семејство“, „Чиста љубов“ и други.

Инаку, Џенифер планира да ја лансира својата колекција на производи за нега на убавина наречена „JLo Beauty“ на почетокот на следната година, а како што објави, козметичките производи се наменети за жени од сите возрасти и за сите типови на кожа.



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста