Утрински Весник
Магазин

Џеј Ло и Бен Афлек јавно покажаа колку се вљубени

Џеј Ло и Бен Афлек јавно покажаа колку се вљубени

Џенифер Лопез ја имаше поддршката од нејзиното момче Бен Афлек во вторникот вечерта додека присуствуваа на специјалната проекција на нејзиниот најнов филм „Омажи се за мене“ (Marry Me) во Лос Анџелес.

52-годишната пејачка и актерка ги покажа своите тонирани нозе во бел мини фустан од тантела и елегантни чевли со високи потпетици.

Џенифер и Бен, кои минатата година ја обновија својата романса по 17 години, изгледаа пресреќни и вљубени додека позираа на црвениот тепих, а Афлек често ја бакнеше во челото.

Можете да прочитате

Костадинов ќе стане татко – го очекуваат синот Никола

Синчето на Борко Ристовски најде 500 евра во маркет – мајката Нина го бара сопственикот

Бугати направи велосипед – поскап е од нов семеен автомобил