Утрински Весник
Магазин

Џејсон Деруло и неговата партнерка го чекаат првото дете

Џејсон Деруло и неговата партнерка го чекаат првото дете

Џејсон Деруло ќе стане татко за првпат.

Пејачот и неговата девојка, инфлуенсерката Џена Фрумс, го очекуваат своето прво дете заедно и тој откри дека не можел да биде повозбуден за убавата вест.

Споделувајќи најавно видео на својот Инстаграм, тој напиша: „Не можев да бидам повозбуден за ова ново поглавје во нашиот живот.“

Во декември, Џејсон откри дека сака да има деца, но дека не брза и навистина ужива во друштвото на Џена во текот на самоизолацијата.

Парот времето во изолација го поминува заедно во неговиот луксузен дом во Лос Анџелес. Џејсон, познат како миленик на жените, неодамна откри дека е во врска со инфлуенсерката Џена Фрумс, поранешна девојка на Џеси Лингард од „Манчестер Јунајтед“.

Можете да прочитате

Името на бебето на Бони Блу ќе се продава на аукција

Висок крвен притисок – главни причини и совети

Поротата одлучи: „Фејсбук“ и „Јутјуб“ не предупредиле за ризикот од зависност, отштетата кон тужителот е три милиони долари