Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Џејмс Корден презеде законски мерки против демначка

Џејмс Корден презеде законски мерки против демначка
Img 7972

Британскиот актер и комичар Џејмс Корден, водител на популарното „Лејт лет шоу“ успеа да издејствува привремена мерка – забрана за приближување до неговиот дом за жена која тврди дека сака да се омажи за него.

Домаќинот на The Late Late Show, кој е во брак со Џулија Кери – добива заштита од жена која во повеќе наврати ја нарушила приватноста на неговиот дом во Лос Анџелес, откако претходно ги изразила своите фрустрации поради неговата сопруга и му рекла дека треба да ја остави и да се ожени со неа.

Според „ТМЗ“, правниот тим на Џејмс минатата недела побарал од судот да добие привремена мерка забрана за 30-годишна неименувана жена.

Во правните документи добиени од порталот, Џејмс тврди дека жената стоела пред неговиот дом неколку пати во текот на изминатите неколку месеци. Таа летово цели шест дена кампувала во својот автомобил пред неговата куќа, но морала да замине по интервенција на полицијата.

Жената, наводно, ѝ рекла на полицијата дека планира да отпатува во Лас Вегас со Џејмс за да се омажи за него, и тврди дека неговата сопруга „ѝ го украла“.

Според Џејмс, жената претставува закана за неговата сопруга – со која е во брак од 2012 година – и нивните три деца.

Можете да прочитате

Пет хороскопски знаци ќе имаат неверојатен успех во кариерата во 2026 година

„Ветуваме дека ќе продолжиме таму каде што тој застана“: Второто семејство на Панчо, Sure Shotz, порача дека ќе ја продолжи неговата мисија!

Пирето од компири ќе има подобар вкус ако додадете оваа состојка во него