Утрински Весник
Спорт

Џејмс и Дејвис им пресудија на Мајами, Лејкерси водат 2-0

Џејмс и Дејвис им пресудија на Мајами, Лејкерси водат 2-0

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Мајами Хит со 124:114 и водат во финалната серија со 2:0.

Мајами без Горан Драгиќ и Бем Адебајо пружија солидна партија, особено во нападот, но не можеа да му парирата на тандемот Леброн Џејмс-Ентони Дејвис. Овие двајца лесно ја разбиваа зонската одбрана на Мајами.

Лејкерси имаа имаа предност од шест поени по првиот период, до полувремето постигнаа 14 поени повеќе од Мајами (68:54). Во третиот период Мајами неколку пати се доближија на минус од шест поени, тие напади Лејкерси ги одбија со прецизни шутеви за три поени.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис заедно искомбинираа 65 поени, 23 скока и 9 асистенции. Леброн кокетираше со трипл-дабл (33 поени, 9 скока, 9 асистенции), а Дејвис забележа 32 поени и 14 скока. Дабл-дабл забележа и Режон Рондо (16 поени, 10 асистенции).

Мајами го предводеа Џими Батлер со 25 поени, 13 скокови и 8 асистенции, односно Кели Олиник со 24 поени и 9 скока.

Третиот натпревар од финалната серија на програмата е во понеделник во 1.30 часот.



> Џејмс и Дејвис им пресудија на Мајами, Лејкерси водат 2-0 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство