Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џејмс Бонд го претрка „Д Рок“: Даниел Крејг најплатен актер во светот, Двејн Џонсон втор 

Џејмс Бонд го претрка „Д Рок“: Даниел Крејг најплатен актер во светот, Двејн Џонсон втор 
300x250 opst2

Даниел Крејг се најде на врвот на листата на „Вараети“ на највисоки плати на филмски sвезди со неверојатни 100 милиони долари.

На листата, објавена во средата, се наоѓаат 17 најплатени sвезди во последно време, а покажува и други од холивудската А-листа како Двејн Џонсон, Вил Смит и Дензел Вашингтон кои заработуваат високи хонорари, додека Џенифер Лоренс и Џулија Робертс се изедначени како најплатени актерки.

Голем придонес за пораст на платите се стриминг-изданијата во кои sвездите преговараат за поголеми авансни уплати како надомест за повеќекратната исплата врз основа на продажба на кино-билети.

Во март, „Вараети“ објави дека 53-годишниот Крејг ќе се приклучи на мрежата на „Нетфликс“ откако стриминг-платформата ги откупи правата за втор и трет филм во серијалот „Нож во грб“, кој почна да се прикажува во 2019 година.

Можете да прочитате

Се повеќе млади добиваат инфаркт – лекарите предупредуваат!

Истражување: Мажите се почувствителни на болка од жените

Загадениот воздух – нов „невидлив“ виновник за дебелината