Утрински Весник
Магазин

Џејда Пинкет Смит се огласи за оскаровската шлаканица: Продолжуваме понатаму

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во новата епизода од нејзиното ток-шоу, Џејда Пинкет Смит конечно проговори за инцидентот што се случи на овогодинешното доделување на „Оскарите“, кога нејзиниот сопруг Вил Смит му удри шлаканица на комичарот Крис Рок на сцената затоа што се пошегува на сметка на нејзината избричена глава.

„Искрено се надевам дека овие двајца интелигентни и способни мажи ќе имаат можност да закрепнат од сè , да разговараат и да се смират“, рече таа.

„Со оглед на состојбата во светот денес, потребни ни се и двајцата, а всушност сите ние си требаме еден на друг повеќе од кога било“, продолжи таа.

„Дотогаш, јас и Вил продолжуваме да го правиме она што го правевме во последните 28 години – а тоа е да продолжиме да го сфаќаме ова нешто што се нарекува заеднички живот. Ви благодариме што слушавте“, заклучи Џејда.

Можете да прочитате

Колку Регулативата за безбедност на играчките на ЕУ реално ги штити децата

Најголемото „капучино“ со јадливо злато се служи со 10 слатки топчиња

Туширање во мрак: едноставна вечерна рутина за целосна релаксација