Утрински Весник
Економија

Џеф Безос за само еден ден стана побогат за 13 милијарди долари

Џеф Безос за само еден ден стана побогат за 13 милијарди долари
Dik 300x250 mk

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос во понеделникот додаде 13 милијарди долари на неговата нето вредност, што претставува најголем еднодневен скок за поединец откако постои индексот за милијардиери на „Блумберг“ од 2012 година.

Акциите на „Амазон“ пораснаа за 7,9 проценти, најмногу од декември 2018 година, поради растечкиот тренд за онлајн купувања и нарачки, со што годинава имаат раст од 73%.

Безос (56) е најбогатиот човек во светот, a неговото богатство во 2020 година од 74 милијарди долари се зголеми на 189,3 милијарди и покрај тоа што САД влегоа во најлошиот економски пад по Големата депресија. Сега тој лично вреди повеќе од гиганти како „Ексон Мобил“, „Најк“ и „Мекдоналдс“.

Другите технолошки гиганти исто така остваруваат добивики, делумно поради тоа што луѓето се принудени да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Привршуваат подготовките за откупот на тутунот

Расправа за Предлог-буџетот за 2026 година во матичната собраниска комисија на 14 ноември

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ